Tesla испорачува возила со куп недостатоци, клиентите фрустрирани

Се појави најново видео што покажува дека во Tesla сè уште не ги решиле проблемите поврзани со контролата на квалитетот на своите автомобили.

Иако моделите на Tesla се едни од технолошки најнапредните електрични автомобили на пазарот, овој американски производител сè уште не е во состојба да ги надмине дури и најбаналните недостатоци, како што се лошо офарбана надворешност или слабо поврзани панели на каросеријата.

На интернет можете да најдете еден куп видеа во кои новите сопственици на Model 3 и Y се жалаат на овие и слични проблеми, а најновото видео во врска со слабиот квалитет на новите автомобили Tesla го објави YouTube корисникот на TechChris.

Недостатоците што ги открил на неговиот штотуку купен Model 3 се многубројни, иако тешко се забележуваат на прв поглед. Дури по преземањето и деталниот преглед на возилото, тој сфатил како невешто е составен автомобилот.

Како што тврди, да го видел сето тоа при преземањето на возилото, ќе одбиел да го прифати автомобилот во таква состојба. Како и да е, бидејќи сакал што побрзо да биде во сопственост на неговиот нов Tesla автомобил, а и бидејќи според договорот може да изврши преглед на возилото одвнатре само по примопредавањето, тој пропуштил многу недостатоци.

Remote video URL

Производителот, се разбира, се обврза дополнително да ги отстрани сите проблеми, но тоа значи дека сопственикот некое време ќе остане без својот автомобил, што дополнително ги фрустрира клиентите.

Една од причините зошто автомобилите на Tesla излегуваат од фабриката во ваква состојба е желбата на Илон Маск по секоја цена да ја постигне поставената цел  - 500.000 испорачани возила во 2020 година.

Имајќи предвид дека сериозно заостануваше по третиот квартал, не изненадува што за да го надополни изгубеното време, производителот прави вакви грешки.

Тагови
реклама

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Read more

Храна што не треба да ја јадете по 20 часот ако сакате да ослабете

Read more

ПР кампањата на Вучиќ со пациентите од Кочани предизвика бран револт на социјалните мрежи

Read more

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Read more

Авто новости

Како најекономично да возите по автопат?

Read more

Дали поголемите возила се побезбедни?

Read more

Откриена иднината на Porsche во Скопје – незаборавна ноќ со новиот Macan

Read more

Новата Škoda е СУВ со седум седишта

Read more
 

Автомобили

Како најекономично да возите по автопат?

Читај повеќе

Дали поголемите возила се побезбедни?

Читај повеќе
  • filter

Откриена иднината на Porsche во Скопје – незаборавна ноќ со новиот Macan

Читај повеќе

Новата Škoda е СУВ со седум седишта

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Контроверзниот електричен Jaguar мамеше погледи низ улиците на Париз

Читај повеќе

Дали R8 ќе биде најмоќното и најбрзото Audi во историјата?

Читај повеќе
  • filter

Toyota продолжува со електрификација: Пристигна електричниот C-HR

Читај повеќе

Моќниот Audi Q6 e-tron влезе во производство, позната и почетната цена

Читај повеќе

Прашање на кое се паѓа на возачки испит: Кој има првенство на минување овде?

Читај повеќе