Тетовец физички нападнат, полицаец во обид да го расчисти случајот скршил нога

Тетовец бил физички нападнат откако неговата пријателка се обидела да земе лични предмети од куќа во која претходно ги оставила.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил во сабота вечер, кога во полициската станица во Тетово било пријавено дека на ул.„Јован Ончевски“ имало нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале повеќе лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е затекнат Ф.И.(1979) од Тетово со повреди во пределот на главата и М.И.(1985). 

По разговорот со нив, тие посочиле дека М.И. се упатила во куќата на горенаведената адреса за да земе нејзини лични предмети кои претходно ги оставила таму, а во која куќа престојувале Е.Х.(1987), А.Х.(1989), О.Х.(1985) и Л.З.(1969), сите од Р. Албанија. При тоа настанала расправија помеѓу М.И. и горенаведените странски државјани, а откако Ф.И. пришол да види што се случува, истиот бил физички нападнат и удиран со раце и со дрвени предмети во пределот на главата и телото, по што напаѓачите се повлекле во куќата. 

При преземање на мерки од страна на полициски службеник бидејќи влезната врата од куќата била затворена, истиот при обид да ја прескокне оградата, се здобил со повреда во пределот на десната потколеница. Полицискиот службеник со возило на ИМП е пренесен во КБ-Тетово за укажување лекарска помош, каде му се констатирани скршеници на три места на потколеницата, по што е префрлен во УЦ-Скопје за понатамошно лекување. 

Сите горенаведени лица се приведени во ПС-Тетово, и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок. 

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе