На листата на најзагадени градови во светот во топ 10 претставник има и Македонија, единствена држава од Европа.
На високото второ место се наоѓа Тетово, зад првопласираниот главен град на Непал, Катманду, што значи дека Тетово ја има титулата најзагаден град во Европа.
Во првите 10 на листата објавена од World of Statistics доминираат градовите од Азија, а Индија има дури три градови (Фаридабад, Ноида и Газиабад). Еден претставник има и Јужна Америка и тоа во чилеанскиот Сан Бернардо.