ЛА ЛИГА 2019/2020

Тибо и Бензема го спасија Реал од пораз

Фудбалерите на Валенсија и на Реал синоќа ги поделија бодовите на натпреварот од 17. коло во Ла Лига, откако одиграа 1:1.

„Кралскиот клуб“ со вчерашното реми ја прекина низата од четири последователни победи.

Реал играше далеку подобро во првото полувреме. Имаше подобар посед на топка и доста шанси, но голманот на домаќините беше на висина на задачата.

И во продолжението на средбата Реал доминираше, но и Валенсија се разбуди. Токму во еден таков напад домаќините поведоа, а стрелец на голот беше Карлос Солер во 78. минута.

Реал до крајот на мечот се обидуваше да дојде до изедначување, но немаше решенија за одличната одбрана на Валенсија сѐ до судиското надополнување.

По една „гужва пред голот“ Бензема во 95-тата минута ја затресе мрежата на домаќините и му донесе бод на Реал. Голема помош имаше од голманот Тибо Куртоа кој во последниот напад дојде во противничкиот шеснаесеттерец за да им помогне на соиграчите.

Со освоениот бод, Реал Мадрид се изедначи со лидерот во Ла Лига, Барселона, пред меѓусебниот дуел и дербито на полусезоната закажано за в среда на теренот на Каталонците.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе