Славната Тина Тарнер ги продаде правата на нејзиниот музички опус на издавачката куќа BMG, пренесе BBC.
BMG ги доби правата и на нејзиното име и ознаки на идентитетот за идни договори за спонзорство и продажба.
Компанијата не објави колку плати за тоа, но упатени извори велат дека станува збор за повеќе од 50 милиони долари.
Како што изјави 80-годишната Тарнер, нејзината музика е во „сигурни раце“.
Тина Тарнер има освоено 12 Греми награди и овој месец ќе влезе во Куќата на славни на рокенрол музиката како соло уметница, откако во 1991 година беше примена со нејзиниот поранешен сопруг Ајк.