Tinder: Сè повеќе луѓе имаат помали очекувања во врската

Изолациите, карантините и ограничувањата што ги донесе пандемијата предизвикаа промени во начинот на социјализирање на луѓето, но и во барањето партнери. Според апликациите за познанства и дружење, денес има сè повеќе луѓе кои имаат „помали очекувања“ и не сакаат строго сериозни врски.

Откако „ја изгубија“ претходната година, многумина кои бараат партнер решија да додадат доза искреност на своите профили за пронаоѓање партнери и да признаат дека сериозните врски не се нивниот интерес, но и дека немаат претерано големи очекувања. Сепак, има и такви кои сметаат дека седењето дома е можност за наоѓање партнер за долга врска.

Со или без пандемија – излегувањето и забавувањето секогаш ќе има подеми, падови и сиви подрачја. Новото истражување на Tinder говори за нов тренд за којшто многумина ќе се согласат дека е позитивен – забавување со пониски очекувања. Според Tinder, корисниците од онаа, последната генерација Z бараат поголема отвореност кон можностите од кога било досега. Не бараат сериозна врска, туку описите сега гласат „ќе видиме каде одат работите“ и „сè е отворено“.

Бројот на оние што повторно се потрага по „недефинирана врска“ е зголемен за скоро 50 отсто.

– По една година ограничувања, нашите членови не сакаат и сами да си ги ограничуваат своите врски, па затоа сме сведоци на растечки тренд на помали очекувања, истакна Лора Вилкинсон-Реј, директорка за комуникации на Tinder за Велика Британија.

Корисниците го сметаат овој тренд за позитивен и поискрен во споредба со претходниот третман и веруваат дека по една година на ограничувања, тој носи доста слобода.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе