Тотална чистка во Барселона: Речиси цела постава оди на продажба

Трансфер политиката на Барселона долго време беше пример за добро работење, но тој тренд веќе не важи во изминативе години. Каталонците веќе не се специфични на пазарот и за нивната традиција сега само се раскажуваат приказни.

Огромни проблеми создадоа зделките што клубот ги направи по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра, што беше најголемиот светски трансфер во историјата. Тој потег значеше зголемување на цената на многу играчи за кои не би се плаќале тие суми да не се „случеше“ Нејмар, а тоа најдобро се гледа во купувањето на Дембеле и Кутињо во Барса. Двајцата беа донесени бидејќи мораше да се надомести неочекуваното заминување на Нејмар, па играчите во паника беа натплатени за да се смират незадоволните навивачи кои протестираа поради начинот на кој Бразилецот замина од Ноу Камп.

Колку за потсетување, откако го продаде Нејмар, Барселона ги донесе Усман Дембеле и Филипе Кутињо и ги плати 270 милиони евра. Ги донесе и Паулињо, Нелсон Семедо, Јери Мина, а минатото лето и Малком, Клемент Ленгле, Џерард Деулофеу, Артуро Видал и Кевин Принс Боатенг.

Барса има две големи желби

За квалитетите на Френки де Јонг кој летово направи „дил“ за 75 милиони евра, допрва ќе се зборува и во следната година, а не треба да се заборави дека во план е да се купи и Антоан Гризман. Каталонците се надеваат на Матијс де Лигт, но за да го донесат треба прво да ги победат Јувентус и ПСЖ, два великана кои исто така се заинтересирани за Холанѓанецот.

Французите му понудија двојно поголема плата од она што го нуди Барса, но приказната уште е отворена. Од друга страна, медиумите шпекулираат дека Французинот веќе одамна се одлучил за Барселона и дека е само прашање на време кога ќе потпише.

Се планираат големи бројки и расходи, па билансот ќе мора да се реши со продажби. Грубо пресметано, Барселона во изминатите две години потроши над 500 милиони евра и заработи околу 360 милиони долари од продажби, така што е во минус околу 140 милиони евра.

Кој си заминува?

Најголемата енигма на оваа генерација на Барселона е Кутињо. Бразилецот на отворањето на Копа Америка постигна два гола за репрезентацијата и покажа дека не е проблемот (само) во него, туку дека не му одговара составот на Барселона, односно философијата на Ернесто Валверде. Без оглед на оправдувањата што може да се најдат за неговата игра во Барселона, од играч платен 140 милиони евра се очекува повеќе.

Тежок случај е и Иван Ракитиќ кого Барса ќе го стави на трансфер листата. Хрватот подолго од една година чека подобар договор и моментално зеде „тајм аут“ од репрезентацијата, но и од клубот каде помина пет години. Во меѓувреме, медиуми блиски до клубот објавија дека Валверде се согласил Ракитиќ да оди на трансфер листата, ако се отвори простор за засилувања. Барселона бара околу 35 милиони евра, а Ракитиќ е во контакт со Интер. Се спомнуваат и некои англиски клубови, но нема ништо поконкретно.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе