Традиционалниот Илинденски марш оваа година помасовен

Здружението на граѓаните од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“ годинава подготовките ги почна порано од вообичаеното. Традиционалниот марш по повод еден од најголемите македонски национални празници - Илинден - ќе се одржи по 46. пат.

Причина за овие подготовки, како што информираат од Здружението, е огромниот интерес за учество на Илинденскиот марш, и тоа не само од Аеродром туку и од други општини и градови, како што се Кичево, Маврово и Свети Николе, така што се очекува традиционалната манифестација годинава да биде многу помасовна. Право на учество во маршот имаат сите заинтересирани мажи и жени од цела држава на возраст од 16 до 76 години, а досега покрај аеродромци, има пријавени коњаници од Кичево, Маврово и Свети Николе. Рокот за пријавување е до 30 јуни.

Коњичкиот марш почнува од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром кога на коњаниците им се предава општинското знаме, а крајната дестинација е Крушево, каде што треба да стигнат на 2 Август. Коњаниците придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните се упатуваат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на илинденците секоја година се одржува свечена литургија по што традиционално се организира и богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.

Општина Аеродром и оваа година финансиски ќе го поддржи Илинденскиот марш како една од најголемите и најзначајни манифестации во Аеродром, со што се негуваат традицијата и македонската култура.

Тагови
реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Македонија

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Read more

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Read more

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Read more

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе