Трајанов: Не изградивме заеднички став по ниту едно прашање, треба да продолжат ваквите разговори

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, по денешната лидерска средба во Собранието изјави дека во целина добро е што претседателите на политичките партии разговарале, но проблемот е што за ниту едно прашање не се изградил заеднички став. Сепак, смета дека ваквите разговори треба да продолжат и дека е потребно да се направи дополнителен напор и од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и другите партии доколку сакаме единство.

Тој рече дека не се противи Бугарите да влезат во Уставот, но тоа да биде реципрочно и за Македонците во Бугарија.

– Жалам што имаа историска шанса лидерите на политичките партии да упатиме јасна порака, јасни барања до Бугарија да ги признаат правата на Македонци, затоа што сигурен сум дека корените на сите проблеми се наметнати од Бугарија со тоа што го негира нашиот јазик и народ. И доколку го направат тој чекор, тоа ќе биде со историски димензии и сите отворени прашања многу брзо ќе се затворат, рече Трајанов.

Тој преку медиумите апелираше до Бугарија да ги признае правата на македонското малцинство и да започне со спроведување на одлуките на Судот во Стразбур.

На средбата тој зборувал и за потребата од, како што кажа, робусна борба против корупцијата и криминалот кои станале вредносна категорија во Македонија, сите креативни луѓе да се вклучат во скрининг процесот, укажал на разочарувањето од граѓаните од функционирањето на системот и институциите во државата.

Како што кажа, се отворила и темата за предвремени избори.

– Доколку не обезбедиме единство за сите овие важни прашања за државата да оди напред па можеби логично оваа тема ќе се наметне па партиите што се за промена на Уставот, доколку добијат поддршка тоа ќе можат да го направат, рече Трајанов.

Сугерирал и формирање на широка коалициска влада, но вели дека ДС не е таква политичка партија која може тој став да го наметне. Трајанов одговарајќи на новинарско прашање кажа дека предложил да има предвремени избори доколку не се постигне консензус за овие прашања.

Сепак, тој посочи дека опстојувањето на Владата и мнозинството не зависи само од него или само од бројките. Додаде дека уште една партија чека за влез во Владата.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе