Трамп го обвини Бајден за ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас

МИА/КАЈГАНА
/ 12.05.2021 / 10:15

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини сегашниот шеф на државата Џо Бајден дека е виновен за ескалација на насилството меѓу Израел и Хамас.

„Под владеењето на Бајден, светот станува сè понасилен и нестабилен, бидејќи неговата слабост и недостиг на поддршка за Израел доведува до нови напади врз нашите сојузници“, наведе Трамп во соопштение.

Тој оцени дека САД секогаш мора да стојат покрај Израел и јасно да кажат дека Палестинците мора да стават крај на насилството, теророт и ракетните напади.

„Кога бев во Белата куќа, бевме познати како претседателство што се залага за мир, бидејќи израелските противници знаеја дека САД стојат цврсто со Израел и дека ќе има брза одмазда ако Израел биде нападнат“, вели Трамп.

Тој посочи дека САД мора јасно да кажат дека секогаш силно ќе го поддржуваат правото на Израел да се брани.

„Неверојатно, демократите и понатаму стојат покрај лудиот антиамерикански претставник во Сенатот, Илхан Омар и другите кои дивјачки го напаѓаат Израел додека се наоѓаат под терористички напади“, оцени поранешниот претседател на САД.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе