Трамп го одликуваше кучето кое помогна да го фатат Багдади
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одликуваше кучето Конан кое помогна во акцијата за апсење на лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади.
Конан е специјално тренирано куче кое асистираше на американските војници во мисијата која резултираше со смртта на Ал-Багдади во Сирија. Конан беше ранет, но сега е подобро.
„Конан е силен. Оздрави и продолжи да учествува во акциите. Ова куче сè уште нема да се пензионира“, рече Трамп и му даде медал на Конан како знак на благодарност.