Трамп и Ердоган разговараа за убиството на Кашоги

Претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Тајип Ердоган, разговараа денеска во Париз како да се реши случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти претставник на Белата куќа.

Двајцата претседатели, заедно со 70-тина други лидери на земји, учествуваа во централната прослава по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна, што се одржа во Париз.

Ердоган потврди дека аудиоснимките за убиството биле предадени на американските, германските, француските и британските власти и тврди дека операцијата била нарачана од „највисоките ешалони“ во владата на Саудиска Арабија.

Трамп рекол дека очекува до следната недела да се знаат многу повеќе детали за убиството на новинарот, додавајќи дека се работи заедно со Конгресот, Турција и Саудиска Арабија за да се установи кој е одговорен за убиството на Кашоги.

Саудискиот новинар и отворен критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул минатиот месец, но неговото тело уште не е најдено.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе