Трамп ја отстрани ознаката за тајност од документите за Русија и и-мејл скандалот на Хилари

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека им дал овластување на институциите да ги декласифицираат документите поврзани со истрагата за Русија и скандалот со електронската пошта на Хилари Клинтон, негова противничка на претседателските избори во 2016 година.

Откако американските медиуми објавија дека белешките на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, доставени до Конгресот од страна на Националната разузнавачка управа (ДНИ), наведуваат дека Хилари Клинтон го спомнала планот за доведување на Трамп во врска со Русија, сè со цел да се сврти вниманието од нејзиниот скандал со и-мејл, пристигна првата реакција на американскиот претседател.

„Го одобрувам отстранувањето на ознаката за тајност од сите документи поврзани со руската игра (истрага), што е најголемото политичко злосторство во историјата на САД. Исто така, го давам истото овластување за скандалот со и-мејл за Хилари Клинтон. Документите нема да бидат уредени”, рече Трамп. .

Американската телевизија Fox News, која дошла до белешките кои директорот на националната разузнавачка служба Џон Ретклиф ги презентирал на Конгресот, а кои сè уште не се споделени со јавноста, објавиу дека Бренан го информирал поранешниот претседател Барак Обама за планот на Клинтон да го поврзе Трамп со Русија.

Во белешките се забележува дека Бренан напишал дека „еден од советниците за надворешна политика на Клинтон предложил производство на скандал насочен кон дискредитација на Трамп, во контекст на дејствување на руски безбедносни служби кои работат во корист на Трамп, а Клинтон го одобрила“.

Во белешките на Бренан,исто така, се наведува дека на 28 јули 2016 година, Обама побарал од него да собере докази дека има каква било врска помеѓу кампањата на Трамп и Русија.

Против Клинтон беше покрената истрага за користење на сопствена електронска адреса за дипломатски работи за време на нејзиниот мандат како шефица на Стејт департментот.

Откако Трамп победи на изборите во ноември 2016 година, имаше тврдење дека Русија е вклучена во изборите во САД во корист на Трамп.

Обвинувањата подоцна прераснаа во истрага, а пензионираниот генерал Мајкл Флин, советник за национална безбедност на Трамп, мораше да даде оставка поради обвинувањата дека имал врски со Русија.

Истрагата, предводена од обвинителот Роберт Мулер, откри дека Русија се обидела да интервенира на изборите, но не беше утврдено дали Трамп имал корист од тоа.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе