Трамп ја продолжува офанзивата: Нови царини за европски производи

САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа производи, што претставува нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе се воведат реципрочни мерки.

Царините стапија во сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесуваат на авионите на Airbus, француските вина и шкотското виски.

Американската Влада пред четири дена доби зелено светло од Светската трговска организација за воведување царини како одговор на субвенциите кои ЕУ му ги даде на Airbus.

САД се веќе во трговска војна со Кина, што претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија.

Трамп завчера повторно ги нападна европските земји и ги обвини за нефер постапување и „огромни бариери“ против увоз од САД.

Сепак, тој не ја отфрли можноста за постигнување договор и со тоа да се стави крај на спорот.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој е во Вашингтон на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд, ја предупреди американската Влада дека одлуката за царините ќе има „негативни последици, како економски, така и политички“.

– ЕУ е подготвена да возврати, рече Ле Мер.

За денеска е предвидена средба меѓу Ле Мер и трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе