Трамп прв попушти на цврстиот стисок на Макрон
Американскиот претседател Доналд Трамп, познат по својот цврст стисок при ракување, во Брисел се соочи со рамноправен ривал – францускиот претседател Емануел Макрон.
Трамп и Макрон толку силно и цврсто се поздравија, што им побелеа прстите.
Судејќи по видеото, победник е францускиот претседател: Трамп се предаде и прв попушти, тргајќи ја раката.
Трамп и Макрон во Брисел разговараа за борбата против ИСИС и договорија да ги зацврстат сојузничките односи Вашингтон-Париз, соопшти Белата куќа.