Свет

Трамп: Путин е „тврд орев“

19. март 2017 - 13:23 | Макфакс

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин е „тврд орев“, пренесува „Al Jazeera“.

Во интервју за „Fox News“, на прашањето со два збора да опише различни луѓе од сферата на политиката и забавата, Трамп изјавил дека „не го познава Путин, но смета дека тој е тврд орев“.

„Не го познавам, но сигурно е тврд орев. Не знам што прави тој за Русија, но сигурен сум дека во некој момент ќе дознаеме“, рекол Трамп.

Американскиот претседател ги коментирал и зачестените напади од страна на Демократската партија врз неговата администрација, велејќи дека „тоа е ужасно“.

„Тоа што се случува во Вашингтон е ужасно. Ние имаме одреден број на луѓе кои се занимаваат со протекувањето на информации. Тие едноставно не го почитуваат законот и ние мораме да го промениме тоа“, рекол Трамп.

На прашањето дали поранешниот американски претседател Барак Обама би можел да биде режисер на оваа кампања против неговата администрација, Трамп одговори дека „се е можно“.

Коментирај