Трамп собира пари за избори: За приватна вечера со него бара 250.000 долари

Кајгана/МИА
/ 06.02.2022 / 10:48

Богатите поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за суми кои достигнуваат и до 250.000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Guardian.

Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп во Палм Бич, Флорида, пишува британскиот весник.

Организацијата која собира пари за неговата кандидатура испрати покани до сите потенцијално заинтересирани луѓе.

„Иако на настанот ќе присуствуваат републикански кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат искористени исклучиво за кандидатурата на Трамп“, пишува Guardian.

За 250.000 долари (125.000 по лице), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да останат на две ноќевања на неговиот имот на Флорида.

За 100.000 долари тие добиваат фотосесија со Трамп, но ќе вечераат со поддржани кандидати за Конгресот, а не со поранешниот претседател.

За 50.000 долари гостите ќе добијат вечера и фотографија со поддржани кандидати, а за 5.000 долари се добива само присуство на вечера, пренесе Guardian.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе