Трансродовиот модел Рики Валери Коле (22) е избрана за Мис на Холандија за 2023 година.
Рики стана првата трансродова жена со таа титула во Холандија, но на светскиот натпревар ќе биде втората трансродова личност во историјата. Првата трансродова манекенка се натпреваруваше на изборот за Мис Универзум во 2018 година, а тоа беше Шпанката Анхела Понсе.
„Нереално е, но станав Мис на Холандија. Тоа беше едукативен и прекрасен процес, толку сум горда и среќна што не можам да опишам. Ја направив мојата заедница горда и покажав дека се може“, рече таа.
Ќе ја претставува Холандија на 72. избор за Мис Универзум во Ел Салвадор. Коле е активна на Instagram со околу 25.000 следбеници и 135 објави, каде претежно позира во различни комбинации.
Во интервју за World360News, Коле размислуваше за важноста да се биде верен на себе. Рече дека сака да ја искористи платформата за да ги зајакне сите и да се погрижи никој да не се соочува со каква било дискриминација додека го открива својот идентитет.