Ако сте и вие меѓу милионите лчуѓе кои секоја пролет сае мачат со алергии, ви претставуваме три евтини чаеви што можат да ви помогнат. Нема да ви ја отстранат алергијата, но ќе ги ублажат симптомите.


Копривата, иако може да биде поврзана со непријатно чешање и пецкање во детството, всушност е ризница со лековити својства. Овој чај има исклучителни антиинфламаторни својства и помага при назална конгестија. Студијата на 40 доброволци покажа дека оние што консумирале екстракт од корен од коприва имале значително помалку симптоми на алергија во споредба со оние што земале плацебо.

Овој чај е познат по многубројните здравствени придобивки, од регулирање на крвниот притисок до намалување на ризикот од разни болести. Содржи полифеноли, антиоксиданси кои помагаат во ублажување на симптомите на поленска треска. Катехинот во зелениот чај има антиинфламаторни својства и помага во отворање на дишните патишта, што е клучно за време на сезоната на алергии.

Овој освежителен чај не само што го радува непцето, туку помага и за отворање на дишните патишта. Истражувањата покажаа дека може да помогне при отежнато дишење и назална конгестија благодарение на неговите антивоспалителни својства и освежувачкиот мирис. Додавањето мед и куркума ја подобрува ефикасноста на чајот во ублажување на симптомите на алергија, намалување на воспалението и ублажување на непријатност.