Три добри вести за короната за крајот на 2021 година

На сите им здодеа короната. Алармите повторно се вклучија поради новиот сој, но за крајот на годината, вестите се сепак добри: се чини дека омикрон е поблаг, бустер дозата на вакцините делува, а тука е и првата таблета за корона.

Омикрон има поблаги симптоми

Според една студија од Англија, новиот сој на вирусот познат како омикрон има 20 до 25% помали шанси да доведе до болничко лекување отколку делта мутацијата. Лабораториските истражувања покажуваат дека омикрон има помала способност да ги инфицира белодробните клетки.

Иако останува да се види дали наодите ќе се потврдат во пракса, се чини дека омикрон ќе биде поблаг. Но, ќе се шири побрзо бидејќи поради бројните мутации на спајк-протеинот често го заобиколува имунолошкиот одговор што го стекнавме со првичната вакцинација или со заразување со првите варијанти на вирусот.

Шкотско истражување покажува дека ризикот од одење во болница со омикрон е дури две третини помал и дека овој сој практично не предизвикува потешки симптоми кај лицата под 60-годишна возраст. Тоа истражување исто така покажа дека бустер вакцината, односно третата доза, во голема мера штити од симптоми.

Во прилог на тоа зборува и истражувањето од австралискиот регион Нов Јужен Велс. Сепак, речиси сите се вакцинирани таму, а оние кои се заразени со омикрон завршуваат во болница двојно помалку отколку оние со делта.

Сепак, научниците предупредуваат дека опасноста лежи во фактот што омикрон е многу позаразен. Дури и протокот на болеста да биде поблаг, ако за краток временски период се заразат огромен број луѓе, ќе биде доволно за преоптоварување на болничките капацитети.

Дали се ближи крајот на пандемијата?

Некои веќе предвидуваат дека омикрон полека но сигурно става крај на пандемијата. Затоа што, овој сој е попаметен и еволутивно супериорен во однос на делтата. Тоа значи дека се шири побрзо, но поретко ги убива домаќините. Омикрон наскоро би требало да го преземе приматот од делтата.

Иако вирусот нема брзо да се искорени - можеби никогаш и нема - постојат сите шанси тој да стане ендемичен. Тоа би значело дека нема пандемија, туку дека овде-онде локално или сезонски ќе се појавува ослабена верзија на вирусот, исто како грипот во зима. Од него би се штителе како и од грип - со годишна вакцинација.

Добрата вест е што производителите на вакцини тврдат, а тоа го покажуваат првите студии, дека бустер дозата добро штити од омикрон. Тоа го вели Novavax, чија вакцина неодамна беше одобрена во ЕУ. Големи надежи се полагаат во оваа протеинска вакцина бидејќи има многу луѓе кои се скептични за новата технологија mRNA, па затоа ги избегнуваа вакцините на Moderna и на Pfizer/BioNTech.

Производителите на тие две вакцини најавија и дека третата доза одлично делува против новиот сој. Истото го најавија и производителите на AstraZeneca.

Прва таблета против ковид

Pfizer деновиве има уште една голема вест - Американската агенција за лекови издаде итно одобрување на нивната таблета против ковид наречена Paxlovid. Една интеранализа на Pfizer покажува дека лекот ја намалува стапката на смртност за 89%.

Paxlovid всушност ја успорува репликацијата на вирусот. Секој што е болен го пие апчето дома два пати дневно, вкупно пет дена, во комбинација со друг препарат. Целта на овој лек е да се избегне сериозен тек на болеста и да се спречи можното одење во болница.

Во тек е постапката за одобрување пред Европската агенција за лекови. Тие велат дека таблетите би можеле да се препишуваат на возрасни пациенти на кои не им е потребен дополнителен кислород, а имаат зголемен ризик од тешка болест.

Производството сè уште нема да биде масовно, така што овој лек моментално е скап. Така, американските власти нарачаа 10 милиони пакети за околу 5 милијарди долари. Првите 265.000 ќе бидат испорачани во јануари, пренесува Deutsche Welle.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вести

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more
 

Гик

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе