Три експлозии одекнаа во текот на ноќта на северот на Косово, изјави за Танјуг заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Елшани рече дека една шок бомба била фрлена во близина на полициската станица во Звечан и една во близина на полициската станица во северниот дел.
Тој додаде дека е каменувано полициско возило, а врз него била фрлена и шок бомба.
„Тоа се случи во периодот од 23:30 часот и еден час по полноќ“, прецизира Елшани.
Тој додаде дека нема повредени.
Елшани рече дека има мали оштетувања на полициското возило кое било каменувано.