Три малку познати симптоми што укажуваат на ризик од срцева болест

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па затоа е важно што поскоро да ги забележите симптомите на ризикот од овие болести. Постојат неколку симптоми со помош на кои можете да дознаете дали имате проблеми со срцето, а дури три знаци можат да бидат показател за ризикот од срцеви заболувања.

Според офталмологот Одри Таи, постојат три важни знаци што укажуваат на ризикот од срцеви заболувања кај една личност. Таа сподели во кои случаи треба да се внимава.

Жолти грутки околу очите

Појавата на жолти испакнатини околу очите е медицински позната како ксантелазма. Тие обично се симптом на висок холестерол, кој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и може да предизвика состојби како што се мозочен удар и срцев удар.

Жолтите грутки најмногу се појавуваат на и околу очните капаци, а можат да се појават и во средината на лицето. Меѓутоа, не се болни и не влијаат на видот. Сепак, тие се знак дека можеби имате многу високо ниво на триглицериди во крвта, па дури може да биде знак дека имате генетско нарушување кое предизвикува абнормално ниво на липиди.

Пулсирачка зеница

Ако вашите зеници се шират и се смалуваат со отчукувањата на срцето, ова може да биде знак за протекување на срцевиот залисток. Офталмологот Таи вели дека ова се случува кога крвта се испумпува од вашето срце преку аортната валвула, која ако не е цврсто затворена, дел од крвта истекува назад во срцето.

„Ова предизвикува поголема разлика помеѓу вашиот крвен притисок кога срцето ви се собира и крвниот притисок кога срцето се релаксира. Кога срцето се собира, зеницата се намалува, а кога срцето се релаксира, зеницата се шири“, вели таа.

Промени во мрежницата

За жал, не можете сами да ги видите промените што се случуваат на вашата мрежница. Овој феномен може да го види само вашиот офталмолог при преглед. Промената на мрежницата може да биде знак за ран дијабетес или висок крвен притисок, кои се главни фактори на ризик за срцеви заболувања.

„Многу е важно да правите редовни очни прегледи, особено ако имате над 40 години, имате дијабетес или имате било какви фактори на ризик за срцеви заболувања или болести на крвните садови“, објасни Таи.

реклама

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе