Три одлични причини зошто да јадете смокви секој ден

Смоквите се омилено овошје на народите од Медитеранот уште од античко време, а старите Хелени и Римјани го сметале ова овошје за симбол на машкоста, плодноста и моќта.

Иако се многу слатки и полни со природни шеќери, 100 грама смокви имаат околу 60 калории, а покрај тоа се полни со железо, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А, но и бетакаротин, па можат да ги конзумираат и оние кои пазат на килограмите.

Сепак, внимавајте: луѓето кои страдаат од висок дијабетес или сакаат да ослабат, не треба да консумираат смокви во големи количини.

Покрај тоа, ова овошје е полно со калциум дури и повеќе од млекото, а магнезиумот содржан во смоквите е ефикасен и против висок крвен притисок, ПМС и несоница.

Ова овошје не бадијала се нарекува вистинско богатство на здравјето, особено затоа што содржи големи количини растворливи и нерастворливи влакна. Токму нерастворливите влакна кои играат важна улога во редовното празнење на дебелото црево, бидејќи ја врзуваат водата, што на крајот е форма на превенција од рак на дебелото црево. Исто така, истражувањата покажаа дека растворливите влакна имаат ефект на намалување на холестеролот во крвта и спречување на рак на белите дробови. Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20% од препорачаната дневна количина на влакна.

Иако најчесто ги користиме во десерти или колачи, смоквите се совршен додаток за пица, рикота, но и во смути, салати…

Како да ги изберете најдобрите смокви?

Кога купувате, одберете ги оние смокви што имаат богата, длабока боја, налик на слива, и ако е зеленикава смоква, нека ви биде водилка нејзината цврстина. Треба да имаат сладок мирис, а доколку забележите кисели ароми, тоа е знак дека смоквата го поминала идеалното време за консумирање.

Бидејќи лесно можат да ја променат бојата и да добијат кафени дамки на кората, се препорачува да бидат наредени во плиток сад, и секако покриени за да не ја изгубат свежината или да ги соберат мирисите на околната храна во фрижидерот.

Ако сте купиле незрели смокви, се препорачува да ги чувате на собна температура, но подалеку од директна сончева светлина.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе