Три радовишки фудбалски клуба се спојуваат со цел да има еден конкурентен

Филип Здравески
/ 09.07.2022 / 11:46

Фудбалските клубови Детонит, Плачковица и школата Аѕури објавија дека ќе направат фузија сѐ со цел Радовиш да добие еден силен и конкурентен фудбалски колектив.

Минатата сезона Детонит успеа да избори опстанок во втората лига. Но, овој клуб формиран 2014 година од страна на истоимената компанија која главно се занимава со производство на експлозиви, ја нема традицијата и историјата на радовишкиот бренд Плачковица. Овој клуб формиран во далечната 1942 година годинава ќе прослави 80 години од своето постоење, па тоа е и една од причините за ваквиот потег на радовишани. Плачковица има име и бренд, но Детонит има финансии. Изминатава сезона Плачковица не се пријави за учество во третата лига бидејќи веќе беше во план фузијата со Детонит, под услов овој клуб да не испадне од втората лига - што и се случи.

Плачковица од 2.МФЛ испадна во сезоната 2020/21. Во својата досегашна историја нема учествувано во првата лига, но има многу сезони во второлигашката конкуренција. Во 90-тите го носеше и името Јака.

Школата Аѕури е прилично нова, формирана во ноември 2020 гиодина во склоп на истоимениот спортски центар во овој град. Во неа тренираат дечиња под 13 години.

Сите три клуба го објавија истото соопштение на социјалните мрежи, кое гласи:

➡️ Најважната работа во секој спорт е пред сѐ, што поголем број на вклучени млади генерации, градење на сопствени кадри и спортисти и секако полни трибини со навивачи и поддржувачи. Токму ова, е и нашиот главен приоритет.
➡️ После неколкумесечна анализа, консултации, разговори и преговори, би сакале со особена чест и задоволство да ја информираме радовишката јавност дека - Радовиш станува уште посилен фудбалски град.
➡️ Имено, во соработка со Општина Радовиш и менаџерските тимови на спонзорите и правните субјекти, во еден заеднички клуб се обединуваат ФК Плачковица, ФК Детонит Јуниор и Фудбалската школа Аѕури, сѐ со една цел – враќање на високо и професионално ниво на фудбалот во нашата општина.
⚽️ℹ️ Новото име на Фудбалскиот клуб е „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“. 
Би сакале накратко да образложиме зошто сметаме дека ова е вистинското решение за долгорочниот развој на фудбалот во нашиот град.
👉 Има неколку причини за ова од кои едната е постоечката спортска инфраструктура. Имено, Градскиот стадион во Радовиш, кој веќе статусно е регулиран, за жал нема доволен капацитет за да можат да тренираат и да се натпреваруваат повеќе клубови и повеќе детски школи, што реално би значело негово оштетување и немање можност за одржување на натпревари. ➡️ Втората причина е немањето можности за финансирање на повеќе спортски клубови кои би сакале да тренираат и да се натпреваруваат квалитетно и да котираат високо во своите соодветни лиги. Од тие причини, се одлучивме за еден – ама вреден фудбалски клуб, со обезбедена финансиска поддршка, со сериозна управа, сериозен стручен штаб и пред сѐ - квалитетен фудбалски состав од кој очекуваме професионалност, квалитетен фудбал и високи успеси во системот на натпреварување.
➡️ Исто така, како еден од факторите на кој сериозно внимававме е продолжување на традицијата и љубовта кон фудбалот во нашиот град. Имајки во предвид дека Радовиш оваа година прославува јубилеј - 80 години од постоењето на фудбалот и исто толку години на Фудбалскиот клуб Плачковица, сметаме дека звучното и свето фудбалско име - Плачковица, кое е гордост на сите нас и гордост на градот, со оваа одлука во соработка со генералниот покровител на новиот фудбалски клуб, ќе ја подигнеме на уште повисоко ниво.
⚽️ Како нова управа, бараме целосна поддршка од граѓаните, бараме со заеднички напори да покажеме и докажеме дека Радовиш е фудбалски град. Дека можеме оваа година да се бориме на терен гради во гради со: Вардар, Пелистер, Тетекс, Гостивар, Беласица, Охрид, Саса, Слога, Кожуф и другите учесници во единствената Втора фудбалска лига на Македонија.
👉 Со оглед на сериозната конкуренција, нѐ очекува тешка битка, но фудбалот е нашата единствена цел. Ќе се бориме исцрпувачки и ќе дадеме сѐ од себе и како управа и како стручен штаб, а веруваме и дека фудбалерите ќе ве направат горди што сте дел од фудбалски Радовиш.
👇 Ќе започнеме со уписи на нови млади генерации, ќе работиме исклучиво со професионален кадар и нашата главна цел е во наредните неколку години да изградиме здрави фудбалери кои во иднина ќе бидат наша фудбалска гордост.
📌 Заеднички да испишеме нова историја на фудбалот во Радовиш.
🕑 Однапред Ви благодариме и се гледаме наскоро на трибините на Градскиот стадион.

Тагови
реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе