Како што деновите стануваат посиви и температурите почнуваат да опаѓаат, греењето е вклучено во сите домови. Многу луѓе што не се приклучени на парно мрежата го оставаат алтернативното греење вклучено во текот на ноќта додека спијат, но тоа може да претставува и ризик по здравјето.

Сите знаеме дека температурата паѓа навечер, но загревањето на домот додека спиете може да има некои несакани ефекти врз целокупното здравје.
Еве три опасности по здравјето од спиењето со вклучено греење.
Спиењето во топла соба понекогаш може да ви го наруши сонот или да ве разбуди среде ноќ.
„Ако собата е премногу топла, нашето тело мора да работи дополнително напорно за да ја регулира телесната температура во текот на ноќта. Ова може да ја зголеми будноста и да го намали нашето време во длабокиот сон, што е најважниот сон за обновување, кој ни овозможува да се чувствуваме одморени и енергични следниот ден“ вели Мериен Тејлор, консултантка за спиење во The Sleep Works.
Идеалната температура за вашата соба во текот на ноќта е околу 15,6°C до 20°C за добар сон.
На вашите ноздри им треба служ за да ги заробат вирусите што лебдат наоколу за да спречат да се разболите. Сепак, зголемената топлина во текот на ноќта може да ја извлече влагата од вашите ноздри, што ќе ве направи поранливи на настинки, грип и инфекции на синусите.
Греењето исто така може да подигне облаци од прашина и други алергени кои можат да ги разгорат вашите синуси.
Во меѓувреме, истражувањето на Медицинскиот универзитет во Варшава покажа дека одредени методи за греење во затворен простор се важни фактори на ризик за алергиски ринитис и астма.
Што се однесува до влажноста, оставањето на топлината преку ноќ може да ја исуши вашата кожа. Сува кожа предизвикана од топлина може да значи дека сте поподложни на појава на состојби како што се псоријаза и егзема.
Греењето додава дополнително ниво на стрес во управувањето со сува кожа, што е особено проблематично кога имате веќе постоечки кожни заболувања како што се псоријаза или егзема. Предупредувачките знаци дека вашата кожа може да биде премногу сува се ако се чувствува груба на допир или ако почне да се лупи.