Тринаесет тројки на Кари, нов НБА рекорд

Стеф Кари според многумина е најдобриот шутер за три поени во историјата на НБА лигата, а сега постигна 13 тројки на натпреварот против Њу Орлеанс, што преставува нов рекорд во лигата.

Против ЛА Лејкерс, пред два дена, Кари не постигна ниту една тројка, со што ја прекина низата од 157 натпревари на кои погодил најмалку еден шут за три поени. Лошото издание против Лејкерси, Кари во целост го надомести со неверојатната партија против Њу Орлеанс и поебдата на Голден Стејт 116-106.

Кари постигна 46 поени, на кои додаде по пет скока и асистенции, и погоди 13 од 17-те обиди за три поени.

„Шефот Кари“, претходно го делеше првото место на вечната листа заедно со Коби Брајант и Донијел Маршал.

Против Њу Орлеанс по неколку лоши изданија добро одигра и Клеј Томпсон, кој постигна 24 поени, а Кевин Дурент уфрли два коша помалку.

Ентони Дејвис со 33 поени и 13 скокови го предводеше Њу Орлеанс кој сезонава се уште нема победа.

Резултати: Шарлот-Индијана 122:100, Филаделфија-Јута 84:109, Вашингтон-Хјустон 106:114, Чикаго-Орландо 112:80, Оклахома-Мајами 97:85, ЛА Клиперс-Детроит 114:92.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=p6psFip8Jkw]

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе