УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Триумф на Рома и Јунајтед, Динамо поразен со пенал

Гостински победи во првите четвртфинални натпревари од второто по ранг европско клупско натпреварување забележаа Рома, Манчестер Јунајтед и Виљареал, додека Спарта со гол длабоко во надополнување избегна пораз кај Арсенал.

Адеми на вчерашниот натпревар; Фото: ГНК Динамо Загреб

Загрепски Динамо на македонските репрезенттаивци Аријан Адеми и Стефан Ристовски синоќа забележа пораз дома од шпански Виљареал и тоа со гол од белата точка. Во 43. минута Кевин Теофил-Катрин играше со рака, а по интервенција на ВАР судијата досуди пенал за „Жолтата подморница“ кој успешно го реализираше Жерард Морено.

Динамо не успеа да израмни и на реваншот патува со достижна негатива. Двајцата наши фудбналери го одиграа целиот натпревар.

Ајакс водеше против Рома од 39. минута со голот на Дави Класен, а во 53. минута Душан Тадиќ прокоцка шанса за 2:0 откако неговиот пенал го одбрани голманот Пау Лопес. Казната стигна само четири минути подоцна кога Лоренцо Пелегрини израмни, а на три минути пред крајот Ибањес се погрижи „Римската волчица“ да си замине со предност од 2:1.

Манчестер Јунајтед ја потврди фаворитската улога на гостувањето во Гранада и со 2:0 оствари одлична предност. Стрелци на головите беа Маркус Рашфорд во 31. минута и Бруну Фернандеш во 90-тата во негов препознатлив стил - од белата точка.

Арсенал им приреди ново разочарување на своите навивачи откако се мачеше со прашка Славија. „Топчиите“ конечно го скршија чешкиот отпор на четири минути пред крајот, но кога сите помислија дека Арсенал ќе оствари победа, во 4. минута во судиското надополнување Чесите израмнија преку Томаш Холеш.

Реваншите по кои ќе бидат познати четирите полуфиналисти се на програмата в четврток од 21 часот.

Тагови
реклама

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе