Трудниците треба да избегнуваат брза храна – му штети на бебето

Колку и да сакате помфрит и плескавица, држете се настрана од таквата храна за време на бременоста, предупредуваат педијатрите откако новото истражување покажа дека консумирањето ултрапреработена или брза храна за време на бременоста има здравствени ризици за фетусот.

Покрај мастите и калориите, ризикот доаѓа и од хемикалии кои често завршуваат во хамбургерите и помфритот, според студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон објавена минатиот месец во списанието Environment International.

Познати како фталати, овие хемикалии често се ослободуваат од обвивките за брза храна или заштитните ракавици на работниците и се поврзани со аутизам, АДХД, предвремено раѓање и мала тежина при раѓање на бебето.

Кога храната е контаминирана со овие штетни микропластификатори, хемикалиите можат да навлезат во крвотокот на бремената жена.

„Кога трудниците се изложени на оваа хемикалија, таа може да ја премине плацентата и да влезе во феталната циркулација“, вели главниот автор на студијата, педијатарот Шила Сатјанарајана.

Проучувајќи повеќе од 1.000 трудници во второто тримесечје од бременоста, истражувачите откриле дека поголемата потрошувачка на ултраобработена храна е поврзана со повисоки концентрации на еден од најчестите и најштетните фталати. Истражувачите предупредија дека, покрај вообичаената брза храна како помфрит, хамбургери и газирани сокови, готовите мешавини за колачи исто така носат одреден ризик.

Сатјанарајана ги советува трудниците што повеќе да избегнуваат брза и преработена храна. Наместо тоа, наместо масти и шеќер, треба да консумираат овошје, зеленчук, посно месо и енергетски барови направени со органско овошје, како што се урми.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе