ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Тухел објасни зошто стартуваше со Кепа наместо Менди против Њукасл

Необично за многумина, но Кепа Арисабалага врза два натпревара во низ под водство на Томас Тухел.

Френк Лампард се откажа од најскапиот голман на светот и го прекомандува во резерва на сенегалскиот голман Едуар Менди. Откако Томас Тухел седна на кормилото на Челси, на 4 натпревари со ред го играше Менди, но на последниве два на голот стои Баскиецот.

Не беше јасна причината поради која дојде до смена бидејќи Менди на четирите натпревари прими само еден гол и тоа од негов соиграч кога против Шефилд Јунајтед Антонио Ридигер си постигна автигол.

По тој натпревар следуваше ФА куп натпреварот со Барнсли, на кој и се очекуваше да добијат шанси некои од играчите со помала минутажа, но викендов на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл на голот повторно стоеше Кепа Арисабалага, додека Менди седеше на клупата за резерви.

„Во тимот потребен ни е силен Кепа. Имаше добра партија во купот, па одлучивме да му дадеме уште еден натпревар за да може да влезе во ритам, да добие самодоверба и да види дека веруваме во него, бидејќи бранеше навистина добро“, вели Тухел говорејќи за Sky Sports.

„Истовремено, можевме да му овозможиме на Еду ментално да закрепне бидејќи се работи за позиција која бара психичка спремност и висока концентрација, така да со една одлука двојно сме во ќар“, објаснува германскиот стратег.

Потоа тој потврди дека засега Менди останува голман број еден во тимот иако Кепа бранеше и во лигата.

„Еду е број еден, тоа е јасно. Беше јасно и пред натпреварот и така и останува. Задоволен сум што Кепа и на вториот натпревар ја сочува мрежата незатресена. Беше моментум за тој да го почувствува ритамот и да набилда самодоверба“.

„Сите се надевавме дека ќе има добар натпревар, но отсега Еду повторно ќе биде на гол бидејќи психички и ментално е опоравен, тој е нашата единица“, разјасни Тухел.

Наредниот натпревар на Челси е в сабота на гости кај Саутемптон кога, како што вели Тухел, Менди ќе се врати помеѓу стативите.

Во Премиер лигата „Сините“ го делат 4. место со Вест Хем со по 42 бода, а во игра се и во ФА купот и во Лигата на шампионите.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе