Турција, Ирак и Курдите тврдат дека помогнале при нападот на лидерот на ИД

Анкара, 27 октомври 2019 (МИА) – Турција денеска соопшти дека била во координација со САД пред спроведувањето на американската операција во Сирија, во која според американските медиуми е убиен лидерот на терористичката група Абу Бакр ал-Багдади, веројатно најбараниот човек во светот.

„Пред американската операција во провинцијата Идлиб во Сирија минатата ноќ, имаше размена на информации и координација меѓу воените власти на двете земји“, се наведува во соопштение од турското Министерство за одбрана.

Американските медиуми, исто така, ја пренесуваат изјавата и на неименуван ирачки разузнавач кој вели дека токму ирачката разузнавачка служба на американската коалиција ѝ ги дала точните координати на локацијата на лидерот на ИД. Ирачката служба ја дознала локацијата на ал-Багдади од документи пронајдени на тајна локација во пустина, во западниот дел на Ирак, откако биле уапсени двајца Ирачани од неговиот најтесен круг.

„Таа соработка беше успешна и доведе до конечната цел – убиство на ал-Багдади“, изјавил ирачкиот разузнавач.

Од друга страна, командантот на Сириските демократски сили (СДФ) Мазлум Абди денеска изјави дека овие сили предводени од Курдите пет месеци работеле на заедничка операција со Американците за ликвидација на ал-Багдади.

„Постоеше разузнавачка работа на терен и прецизно следење, со цел во заедничка операција да се елиминира терористот Абу Бакир ал-Багдади“, напиша на Twitter генералот Абди. Тој се заблагодари на сите кои придонеле за тоа и во твитот го означи американскиот претседател Доналд Трамп.

Според сириската Невладина Опсерваторија за човекови права, која има голема мрежа на терен, американски командоси со хеликоптери се спуштиле во текот на ноќта во областа Идлиб, каде се неоѓаат групи блиски до ИД.

CNN и ABC јавија за нападот повикувајќи се на високорангирани функционери, посочувајќи дека се верува оти во нападот е убиен озлогласениот терорист.

Според CNN сега се спроведуваат форензички тестови за да се потврди идентитетот. Според некои информации, тој го активирал елекот со експлозив за да се убие во моментот на нападот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе