Турски извори: Има докази дека Кашоги бил убиен и расчеречен во саудискиот конзулат

Анкара, 16 октомври 2018 (МИА) - Висок турски полициски претставник изјави дека полицијата пронашла „одредени докази“ дека саудискиот новинар Џамал Кашоги е убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Неименуваниот претставник не даде детали за доказите кои се пронајдени во текот на повеќечасовниот претрес на Конзулатот, спроведен од турски истражители со помош на саудиските колеги.

Турски претставници тврдат дека саудиски агенти го убиле и расчеречиле телото на Кашоги на 2 октомври во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Саудиска Арабија до сега ги демантираше таквите тврдења, но американските медиуми објавија дека Ријад најверојатно ќе признае дека Кашоги починал за време на испитувањето, како и дека првобитната намера била тој да биде киднапиран.

Во меѓувреме дел од турските медиуми објавија дека саудискиот конзул Мохамад ал Отајби од Истанбул полетал за Ријад, каде се истражува евентуалното убиство на саудискиот новинар.

Во Ријад денеска претстојува американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се сретна со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Ахмед ал Џибеир и со саудискиот крал Салман.

Според Стејт департментот, Помпео на средбите во Ријад ја пренел загриженоста на САД поради исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Претходно, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека Помпео ќе даде повеќе информации за случајот, кој од Ријад утре ќе ја посети Турција.

Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Тој ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе