Турските сапуници се хит, но што се крие зад нив?

Рецептот за успех на многу турски сапуници не е тајна - борбата на доброто и злото во која доброто секогаш победува.

И се чини дека таа формула се продава добро. Државната телевизија ТРТ наведува дека само САД ја надминуваат турската продукција во продажба на забавни телевизиски содржини.

Извозот на турската телевизиска продукција се очекува да достигне една милијарда долари во 2023 година, според турската новинска агенција Анадолија.

Турските драми, особено историските, се особено обожавани во земјите од арапско говорно подрачје. На Балканот и во Шпанија најдобро поминуваат класичните - и прилично конзервативни - турски љубовни приказни.

Но, популарноста на турските ТВ хитови има и друга страна на паричката. Египет, на пример, предупредува на турските продукции затоа што верува дека Турција преку нив сака да го прошири своето влијание во регионот.

Многу популарната историска серија „Ertuğrul“ на пример, ја следи приказната за основачот на Отоманската империја. Тоа е приказна за херојството во која Ертугрул го спасува целиот исламски свет.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им препорача на младите да ја гледаат серијата и да научат нешто за историјата на земјата.

„Не заборавајте дека доаѓаме од земја што порасна од 18.000 квадратни километри на 780.000“, рече тој. Ердоган често ја истакнува османлиската историја на земјата, поттикнувајќи ги сомнежите дека сака да биде регионален лидер и дека сапунските серии се користат за ширење на турското културно влијание.

Културолошко влијание преку сапунски серии

Државните историски драми, сместени во времето на Отоманската империја, имаат популистичка приказна, вели Фејза Акинердем, социолог за медиуми од универзитетот Boğaziçi во Истанбул.

Овој вид серии подготвува културолошки плодна почва за политичкиот деспотизам на Ердоган, смета турскиот новинар во егзил, Кан Дундар.

Тие исто така повеќе го романтизираат минатото отколку што се грижат за историската вистина, предупредуваат други критичари.

Нивната содржина е специјално контролирана од RTUK, основана во 1994 година, како регулаторно тело за медиуми. Неговата задача е да ги следи и исклучува каналите што емитуваат содржина што може да биде штетна за владата.

„Државата сакаше да ја врати контролата врз телевизијата, па затоа го основа RTUK“, наведува Акинердем. Член на телото, кој доаѓа од опозициската Републиканска народна партија, Илхан Тачи, вели дека од неговите одлуки станува јасно дека претседателот на RTUK работи напорно за да ги спречи критиките кон Ердоган и неговата влада.

Без алкохол и голотија

RTUK не ги следи само политичките содржини. Така, еден ТВ канал неодамна беше казнет за серија во која вонбрачните врски наводно се прикажуваат како пожелни.

Алкохолот и голотијата исто така не поминуваат низ државната цензура.

Сексот, упатувањето на различна сексуална ориентација или алкохолот се содржини што предизвикаа затворање на некои телевизии со денови, вели социологот Бесим Кан Зирх од Универзитетот ODTÜ во Анкара.

Во последните две децении, конзервативната влада темелно ги преструктуираше медиумите, додава тој.

„Зад многу од овие одлуки стои идејата за заштита на идеалите на совршено турско семејство“, посочува тој.

Акинердем, сепак, забележа една промена во содржината на турските серии.

„Насилството врз жените е голема тема и го наоѓа своето место во бројни продукции во последниве години“, вели социологот и феминистка. „Женското секојдневие стана истакната тема.“

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе