Уапсен таткото кој ја држел 8-годишната ќерка затворена во стан во Белград

Случајот во Белград, за татко кој со години ја чувал својата 8-годишна ќерка затворена во стан, го шокираше целиот регион.

Таткото-монструм, 37-годишниот Урош Пашајлиќ, е уапсен попладнево по интензивна потрага по него од 24 март.

„По наредба на дежурниот заменик обвинител, полицијата го уапсила Урош П.(37) и го задржала 48 часа“, соопшти српската полиција, повикувајќи се на Nova.rs.

Се огласила и мајката на девојчето која го бранела обвинетиот.

„Тој е феноменален татко, таа кучка и секташ сè му збрка“, вели мајката убедена дека Пашајлиќ не го злоставувал нивното дете. Мајката, чие име не се соопштува, нагласила дека тој не е таков.

„Тој е добар татко. Неодамна го видов своето дете преку видеоповик, а не сум го видела лично долго време. Кога ја видов, не беше во бањата“, додала мајката и нагласила дека на девојчето му било подобро со таткото и дека е потресена и плачела откако дознала дека нејзиното дете било затекнато гладно и запоставено.

Да потсетиме, по Пашајлиќ беше распишана потерница откако неговата сопруга Ивана дошла во полициска станица со скршен нос и модринки под окото и го пријавила за насилство.

„Дојде цела претепана и облеана во крв. Таа пријави дека Урош ја тепал, дека насилството продолжило и дека во станот има осумгодишно девојче кое е држено како робинка. Полицијата отишла во сцена и нашол страшна глетка. Детето било спасено, а тој побегнал“, изјавил за Telegraf извор од истрагата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе