Уапсени Срби осомничени за тероризам кои го извршија нападот на Косово

Поради нападот на полицијата во Бањска на северот на Косово, приведени се шест лица и им е одредена мерка притвор во полиција до 48 часа, соопшти Специјалното обвинителство на Косово.

Во соопштението се наведува дека тие се осомничени за повеќе кривични дела, од кои едното е тероризам, пишува Klix.

Да потсетиме, вчера на северот на Косово во селото Бањска беа убиени еден косовски полицаец и тројца српски напаѓачи. Во нападот се ранети двајца полицајци. Полицаецот загинал во заседа кога отвориле оган врз полицајците кои дошле да постават барикада на влезот во селото, соопшти косовската полиција.

Со часови се слушаа истрели и експлозии. Косовскиот премиер обвини околу 30 маскирани и тешко вооружени напаѓачи за убиството на полицаецот од заседа, додавајќи дека тие се под контрола на официјален Белград.

Курти: Запленети се стотици пушки и муниција

Курти, откако косовската полиција ја стави ситуацијата под контрола, објави дека кај уапсените е пронајдено огромно количество воено оружје кое го користеле за планирање напади врз институциите на Косово. Курти рече дека полицијата конфискувала стотици пушки и муниција.

„Во денешната операција против вооружените терористи, косовската полиција заплени стотици пушки и муниција, вклучително и тешка воена опрема како што се митралези, гранати и друго. Нашата полиција останува во тесна соработка со КФОР и ЕУЛЕКС. Акцијата е во тек“, рече Курти.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Читај повеќе

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар

Читај повеќе

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Читај повеќе

Без струја корисници од Долно Лисиче

Читај повеќе

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Читај повеќе

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе