УЕФА ЕУРО 2020

УЕФА ги одреди судиите за финалето на ЕУРО

Ф.З.
/ 08.07.2021 / 19:48

Холанѓанец ќе ја дели правдата на неделното финале помеѓу репрезентациите на Италија и Англија, одлучи европската куќа на фудбалот.

Бјерн Бујперс е судијата кој ја доби честа да го суди финалето на 16-тото Европско првенство, кое е закажано за в недела од 21 часот (20 по локално време) на величествениот „Вембли“ во Лондон.

На Кујперс ќе му помагаат неговите сонародници Сандер ван Рукел и Ервин Зејнстра, а четврти судија ќе биде Шпанецот Карлос дел Серо Гранде. Резервен судија е Хуан Карлос Јусте Хименес од Шпанија.

Во ВАР собата во Лозана ќе бидат стационирани Германецот Бастиан Данкерт како прв ВАР судија, а негови помошници ќе бидат триото Пол ван Букел (Холандија), Кристиан Гителман и Марко Фриц (двајцата Германија).

За Кујперс ова ќе биде прво финале помеѓу репрезентации. Го судеше финалето од Лигата на шампионите во 2014 и двапати во Лига Европа (2013 и 2018).

На ова ЕУРО отсуде три натпревари од кои две во групната фаза (Белгија - Данска 2:1 и Шпанија - Словачка 5:0), како и четвртфиналниот дуел Данска - Чешка 2:1.

Син на поранешен судија на амтерско ниво, Кујперс по професија е бизнисмен и поседува ланец на супермаркети во Халандија, како и фризерница во својот роден град Олдензал. Судија е од 2002 година, а со знакот на ФИФА е од 2006. Претходно судеше и на ЕУРО 2012 и 2016, Мундијалите 2014 и 2018, како и Купот на конфедерациите во 2013.

Тагови
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе