Украдена паричка вредна милион долари пронајдена по 20 години

По речиси 20 години детективска работа и потрага на различни континенти, пронајдена е малата паричка која вреди неверојатни 1 милион долари, и вратена на Израел.

Станува збор за сребрена монета со богата симболика, која е дел од историјата бидејќи била кована за време на Еврејското востание пред неполни 2 илјади години. Паричката беше украдена во Израел во 2002 година, но сега после речиси 20 години успешно е пронајдена и вратена на својата земја.

Сагата почна кога Израелската управа за антиквитети (ИАА) дозна од свиркач дека паричката ја земале Палестинци од ископина во долината Ела, јужно од Ерусалим, а потоа ИАА мина цела деценија обидувајќи се да ја пронајде. Паричката минала низ илегални пазари за антиквитети во Израел, Јордан и Обединетото Кралство, а на крајот била пронајдена во САД каде била понудена на аукција одржана во Денвер во сојузната држава Колорадо во 2017 година.

ИАА ги извести американските власти за судбината на паричката по што била покрената истрага, а на крајот било одлучено паричката да се врати на Израел.

На израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Гилад Ердан, паричката му беше предадена на церемонија одржана во понеделникот.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе