Украина ги спречи Русите да гласаат, Москва жестоко реагира

Скоро 109 милиони гласачи денеска гласаат на претседателските избори во Русија, на 97.000 избирачки места, а во странство уште 1,8 милиони гласачи ќе може да гласаат на 394 избирачки места во 144 земји.

Една од нив требаше да биде Украина, но земјата им го попречи пристапот на руските државјани во земјата до гласачките места.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ваквиот потег го оцени како „апсолутно незаконски“.

„Руските државјани кои планираа да гласаат во Украина со сопствени очи гледаат што се случува таму. Затоа нивниот избор би бил очигледен. Таков резултат на изразување на волја никогаш не би ги задоволил властите во Киев“, рече Захарова.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека Украина не им дозволува на руските државјани да гласаат во дипломатските преставништва на Русија во земјата.

Захарова денеска рече дека киевските власти почнале да ги заплашуваат руските државјани уште пред денот на изборите за претседател на Русија, ширејќи гласини за провокации и насилство на гласачките места во руските дипломатски мисии.

Меѓутоа, истакна таа, кога стана јасно дека руските државјани сепак ќе излезат на гласање, властите во Киев се определија за мерки без преседан – блокирање на гласачките места.

ТАСС пренесува дека стотина припадници на силите за безбедност, како и украински националисти, го блокирале пристапот до влезот на Руската амбасада во Киев уште вчеравечер, проверуваат пасоши и пропуштаат само вработени во амбасадата.

Слична е ситуацијата и пред конзулатите во Харкив, Одеса и Лвив.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе