Украина: Русите тајно ги мобилизираат жителите на Крим

Главниот штаб на вооружените сили на Украина вчера објави дека „се во тек тајни мерки за мобилизација во редовите на руските окупациски сили“ на полуостровот Крим.

Истовремено, Москва тоа го негира и тврди дека во моментов не се планира регрутирање. Украинските воени претставници тврдат дека во саботата се одржал специјален состанок во Симферопол, вториот по големина град на Крим, каде што „главното прашање било неисполнувањето на квантитативните показатели на мобилизацијата“.

Запрашан дали Кремљ размислува за втор бран на мобилизација, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им рече на новинарите дека „не станува збор за тоа“, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС. Сепак, тој додаде дека не може „да зборува во име на Министерството за одбрана“.

„Нова мобилизација веројатно во јануари“

Првата руска мобилизација, која Кремљ ја нарече „делумна“, регрутираше околу 300.000 луѓе и се сметаше за голема ескалација во војната и доказ за катастрофални руски загуби на бојното поле. Американскиот тинк-тенк, Институтот за војна (ISW), во анализата на конфликтот во петокот рече дека е веројатна втора мобилизација, повикувајќи се на нацрт на нов повик, наводно, добиен од жител на Св. Петербург, кој кружи на социјалните мрежи.

„Уште еден бран на мобилизација во наредните месеци само ќе ја влоши ситуацијата и веројатно ќе го деградира севкупниот квалитет на руските трупи кои ќе бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина“, се вели во дневниот извештај на ISW.

Руските опозициски политичари, исто така, тврдеа дека новиот бран ќе започне во средината на јануари и рекоа дека некои покани биле испратени пред крајот на годината за да се спречат луѓето да ја напуштат земјата пред официјалното соопштение. Пред првата мобилизација, десетици илјади Руси побегнаа во други земји за да избегнат регрутирање.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе