Украинска пиварница наместо пиво почна да произведува молотови коктели

Вработените во пиварницата „Правда“ во најголемиот град во западна Украина, Лавов, поради руската инвазија, наместо пиво почнале да произведуваат молотови коктели.

Градот Лавов, кој се наоѓа во близина на границата со Полска, е бастион на украинскиот идентитет, а во моментов неговите жители стравуваат од доаѓањето на руските тенкови.

„Молотовиот коктел е готов кога парталот е добро натопен“, рече еден од вработените во пиварницата, насмевнувајќи се. Турка парче платно во пивско шише исполнето со мешавина од бензин и моторно масло. Истото го прават и двајцата шанкери до него.

Десетици уредно наредени молотови коктели, наместени за да не наврне снег во нив, се подготвени за употреба. Иако овие коктели може да изгледаат залудни во борбата против тенковите и проектилите, сопственикот на пиварницата, Јуриј Заставниј, ја сфатил задачата доста сериозно.

„Го правиме ова затоа што некој мора. Имаме искуство затоа што веќе ја доживеавме уличната револуција од 2014 година“, рече Заставниј, мислејќи на бунтот во Киев со кој беше соборен режимот поддржан од Кремљ.

„И тогаш моравме да произведуваме и користиме молотови коктели“, рече Заставниј. Тој рече дека идејата дошла од неговите вработени кои учествувале во револуцијата во 2014 година. Не е прв пат „Правда“ да прерасне во еден вид институција во Лавов.

Едно од најпознатите пива што ги произведува го носи навредливото име „Путин хуило“ (Путин к***** во глава) и стана познато во светот во 2014 година. Пиварницата започна со производство на коктели за Територијалните одбранбени сили на Украина во саботата, организација на резервисти кои ја прифатија поканата за борба на претседателот Володимир Зеленскиј.

На контролните пунктови околу градот со 720.000 жители, полицијата и војската, кои го контролираат секое возило, веќе се опремени со коктели. Сопственикот на „Правда“ се заколна дека ќе направи „сè што може за да ѝ помогне на Украина да победи во војната“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе