Акционата авантура „Uncharted“ со Том Холанд во главната улога, втор викенд по ред е на врвот на бокс-офисот во Северна Америка.
Филмот на Sony Pictures, кој е адаптација на видеоигра, заработи 23,2 милиони долари, а дебитираше со 51 милион долари. На светскиот бокс офис филмот заработи 35 милиони долари во текот на изминатиот викенд, пишува Variety.
Засега, филмот има заработено 143 милиони долари на светскиот бокс-офис и 226.4 милиони долари на глоблано ниво. Уште не е прикажан во Кина, најголемиот пазар за филмови.
На второто место е „Dog“ со Ченинг Тејтум, филмот заработи од 10,1 милион долари, додека „Spider-Man: No Way Home“ е на трето место со заработка од 5,7 милиони долари во 11. викенд од прикажување.
На четврто место е „Death on the Nile“, со 4,5 милиони долари во третиот викенд на прикажување, а меѓу првите пет на бокс-офисот е и „Jackass Forever“, со 3,2 милиони долари.