Унгарија стави ултиматум за воената поддршка за Украина

МАКФАКС
/ 18.05.2023 / 08:10

Унгарија ќе ја блокира следната транша воена помош на Европската Унија за Украина и секој нов пакет санкции против Русија ако Киев не ја тргне унгарската OTP банка од својата листа на воени спонзори, кажа денес унгарскиот министер за надворешни работи.

„Не можеме да дадеме зелено светло сè додека OTP е на црната листа“, кажа шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто додавајќи дека „истото важи и во случајот на санкциите“.

Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша воена поддршка за Украина од Европскиот фонд за мир, барајќи гаранции дека останатите региони, како Балканот и Северна Африка ќе добијат средства.

Европскиот фонд за мир, основан во 2021 година, е вонбуџетски инструмент насочен кој јакнење на капацитетите на ЕУ да спречи конфликти, изгради мир и да ја зајакне меѓународната безбедност. ЕУ досега обезбеди вкупно околу 3,6 милијарди евра за воена поддршка на Украина.

Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, одби да испорача каква било воена опрема на соседна Украина, а во повеќе наврати ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, но сепак ги поддржа сите досега договорени мерки.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе