УНИЦЕФ: Наставниците треба да се приоритет за вакцинација против COVID-19

Пандемијата на COVID-19 му нанесе огромна штета на детското образование во целиот свет. Вакцинацијата на наставниците е критичен чекор за полесно да се врати во колосек. На овој начин наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, а училиштата ќе останат отворени, сметаат од УНИЦЕФ.

– Во најлошите денови, на крајот на април во 2020 година со затворањето на сите училишта се наруши процесот на учење на безмалку 90 насто од учениците на светско ниво. Иако таа бројка оттогаш има опаднато, сѐ уште без никаква поткрепа се верува дека со затворање на училиштата може да се забави ширењето на болеста, и покрај сѐ поголемиот број докази дека училиштата не се главниот причинител за пренос во заедницата. Како последица на тоа, како што бројот на случаи драстично се зголемува во многу земји во светот, во заедниците повторно се затвораат училиштата. Од 1 декември, училиштата се затворени за речиси секој петти ученик на глобално ниво, или за 320 милиони деца, вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор, чија изјава ја пренесува канцеларјата на оваа организација во Скопје.

УНИЦЕФ смета дека наставниците треба да се приоритет за вакцината за COVID-19, откако ќе се вакцинираат здравствените работници што се во првите борбени редови и популациите што се во висок ризик. На овој начин наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, и на крајот на краиштата училиштата ќе останат отворени.

– Иако владите на крајот одлучуваат за распределбата на вакцините, последиците од продолжени периоди пропуштена или нарушена настава се тешки, особено за најмаргинализираните заедници. Што подолго се децата надвор од училиште, помалку е веројатно дека ќе се вратат, а со тоа е и потешко за нивните родители да се вратат на работа. Ова се тешки одлуки што подразбираат и големи отстапки. Но, не би требало да е тешко да одлучиме да преземеме сѐ што е во наша моќ за да ја заштитиме иднината на следната генерација. А, првиот чекор во оваа насока би бил да ги заштитиме лицата кои се одговорни да им ја овозможат таквата иднина, нагласува извршната директорка на УНИЦЕФ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе