Упорен кенгур напаѓаше туристи во Перт
Тројца туристи кои посетувале фарма за спасени диви животни во австралискиот град Перт имале непријатно искуство со двегодишен кенкур, нов член на прифатилиштето. Откако нападнал жена, маж притрчал да ѝ помогне, па кенгурот му се нафрлил нему. На помош дошол и неговиот син, па конечно една од вработените во прифатилиштето го смирила младиот кенгур.