Утре без електрична енергија во одреден период ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром и Бутел.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја утре ќе бидат во периодот од 9:00-12:00 часот корисниците од бул. „Јане Сандански“ згради број 86, 88 и 90 во Општина Аеродром.
Во периодот од 8:00-9:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Гоце Стојчевски“ згр. бр. 5 влез 1, 2 и 3, како и од ул. Лазо Москов згр. бр. 2 влез 1, 2 3 и 4 во Општина Бутел.