Во изминатите пет дена специјална полициска единица отстрани 420 човечки трупови од улици, од автомобили и од напуштени станови во Ла Пас.
Мртвите тела се отстранети во градот Ла Пас, втор по големина град во Боливија. Иван Рохас, началник на оваа специјална полициска единица изјави дека се претпоставува дека 80 до 90 проценти од пронајдените починале од последици на COVID-19.
Според податоците на Боливискиот институт за форензички истражувања, од 1 април до 19 јули специјалните служби на улиците пронашле вкупно 3.016 човечки тела кои се најверојатно жртви на смртоносниот вирус.
Заклучно со вторник, во Боливија се потврдени 60.991 случај на COVID-19 и 2.218 починати од последици на оваа болест.