Вардар го реши и Пик Сегед

Ракометарите на Вардар ја продолжија победичката серија и го задржаа максималниот ефект по четири натпревари во Лигата на шампионите, откако го совладаа Пик Сегед 30-27 (16-15). Победата над унгарскиот тим е 11-та во низа за „црвено-црните“ (четири во Лигата на шампионите и седум во СЕХА лигата).

Вардар и Пик Сегед одиграа исклучително квалитетен и динамичен натпревар, во кој победата му припадна на „црвено-црниот“ тим. Унгарците иако имаа приклучок во текот на целиот натпревар, водеа само на почетокот (0-1, 1-2), додека Вардар не успеа да создаде поголема предност од три гола.

Екипата на Раул Гонзалес, во првото полувреме ја одржуваше предноста од еден гол, колку што изнесуваше разликата по 30 минути игра, а во второто полувреме неколку пати имаа три гола предност, но Пик Сегед успеваше да се врати на гол негатива, а секој напад кога Унгарците тргнуваа по израмнвање го запираше одличниот голман Милиќ.

Милиќ на крајот имаше 10 одбрани, а стрелците кај победникот ги предводеше Дибиров со осум голови, додека гол повеќе на спротивната страна постигна Балог.

Вардар во наредното коло, на 22 октомври, ќе гостува во Загреб, екипа која се уште нема победа во Лигата на шампионите. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе