1.МФЛ 2019/20

Вардар ја среди Академија Пандев среде Струмица

Со убедливи 3:0 Вардар славеше на гостувањето кај Академија Пандев и покажа зошто е лидер на табелата и најсериозен кандидат за титулата.

Академија Пандев се надеваше дека со победа ќе ја намали разликата во однос на лидерот Вардар, но се случи спротивното. Вардарци со двата гола на Аврамовски и едниот на Брдаровски прокнижија нови три бода и ѝ избегаа на Академија Пандев на плус 8 бода. Со овие два гола Аврамовски сега е сам на врвот на листата на стрелци со 9 гола.

Шкендија со 4 гола запиша убедлива победа над својот поранеше тренер Ѓатип Османи кој во Тетово допатува со тимот на Шкупи. Шкендија е сега на делба на второто место со Академија Пандев.

Борец продолжи да бележи добри резултати кога станува збор за домашните натпревари. Во Велес падна Ренова благодарение на голот ан Хрватот Прелчец кој е втор најдобра стрелец во лигата во 8 голови.

Работнички водеше против Силекс, но не успеа да го задржи водството испуштајќи шанса конечно да избега од дното.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички - Силекс 1:1 (1:0)
Стрелци: 14' Иван Марковиќ - 61' Стефан Ѓуриќ
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Ренова 1:0 (1:0)
Стрелци: 5' Никола Прелчец
Судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Шкупи 4:0 (3:0)
Стрелци: 2', 41' (пен) Бесарт Ибраими, 28', 89' Стениу Жуниор
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Академија Пандев - Вардар 0:3 (0:1)
Стрелци: 11', 69' Даниел Аврамовски, 87' Владица Брдаровски
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Вчера:

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Струга 1:1 (1:1)
Стрелци: 7' Паду - 1' Флорент Османи
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Табела:
1. Вардар 35
2. Шкендија 27
3. Академија Пандев 27
4. Силекс 24
5. Македонија ЃП 23
6. Струга 23
7. Шкупи 22
8. Борец 19
9. Ренова 16
10. Работнички 15

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе