Вардар со втора победа над Загреб го потврди четвртфиналето во ЛШ

Скопје, 31 март 2019 (МИА) – Ракометарите на Вардар изборија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во реваншот во Скопје триумфираа над Загреб, овој пат со 32:30, полувреме 19:13.

Ова е шеста сезона по ред Вардар да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа. Последен противник на „црвено-црните“ на патот до Ф4 турнирот во Келн ќе биде подобриот од пресметката ПИК Сегед и Висла Плоцк.

Во меѓусебните дуели на Вардар и ППД Загреб во ЕХФ Лигата на шампионите сега македонскиот првак има шест победи, едно реми и пет порази.

По долга пауза и операцијата на предните вкрстени лигаменти во тимот се врати и Сергеј Горбок.

Иван Чупиќ со девет и Тимур Дибиров со четири гола беа најефикасни во домашната екипа, Златко Хорват со 11 голови се истакна во хрватскиот тим.

Следен предизвик за Вардар е завршниот „фајнал фор“ турнир во СЕХА Газпром лигата што ќе се одржи во вторник и в среда во Брест, Белорусија. 

реклама

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе