Васил Стерјовски: Не само што се чувствувам Македонeц, туку и сонувам македонски

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисијата „60 Minuta“ на SOT7 телевизија, рече дека „не само што се чувствува Македонец, туку и дека сонува македонски“.

– Јас секако дека се чувствувам Македонец. Не само што се чувствувам, туку и сонувам на македонски. Областа каде што сум роден во Општина Пустец е област каде што 100 отсто се македонска заедница. Ние таму до седум години не го зборуваме албанскиот јазик. Албанскиот јазик почнуваме да го учиме на училиште. Сопругата исто така е Македонка од истото подрачје, не знам, слушам македонски песни. Сум во мојот свет. Но, сум албански државјанин. Јас сум лојален граѓанин, изјави Стерјовски одговарајќи на прашањето како се чувствува, како Албанец или Македонец.

Тој потенцира дека се чувствува Македонец, но дека е албански државјанин и оти тоа го потенцира во сите негови говори во Парламентот.

– Албанија е наша татковина. И покрај фактот дека наша матична држава е Македонија, ние сме родени тука, тука придонесуваме и го сакаме најдоброто за Албанија затоа што е наша татковина, родно место на нашите родители и деца и сакаме да имаме економски силна Албанија, да имаме многу добар здравствен систем, да ги имаме сите придобивки, како и сите граѓани. Но, за тој дел мора да се смени менталитетот на сите нас како граѓани, за да придонесуваме за развој на земјата. Не само да чекаме од државата, туку и ние мора да придонесеме, посочи тој.

Стерјовски беше запрашан и во врска со неговото обраќање ма македонски јазик во Парламентот во Тирана, иако собраниската процедура предвидува да се зборува само на албански јазик.

– Да, ова повеќе беше порака за охрабрување до македонската заедница. Ако ја погледнете пораката што ја дадов „Бидете горди Македонци, лојални граѓани на Албанија“. Откако влегов во Парламентот, членовите на македонската заедница ме прашуваа кога ќе зборувам на македонски, но им реков дека деловникот не го дозволува тоа. Но, дека ќе се обидам да направам еден поздрав и им се заблагодарувам и на колегите кои ме поддржаа и добив аплауз за тој говор, одговори тој.

Стерјовски на парламентарните избори на 25 овој месец ќе се трка за втор пратенички мандат. Тој се наоѓа на кандидатската листа на коалицијата предводена од Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама во изборна единица Горица (Корча), каде го доби и првиот мандат.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе