Васту - индиската доктрина за организирање на домот нѐ учи на неколку работи

Откако ќе ја дознаете причината зошто треба да ја затворате вратата од бањата секоја вечер, никогаш повеќе нема да си легнете без да ја проверите.

Васту шастра е доктрина за организирање на просторот во согласност со енергијата на Сонцето и планетите. Ова е индиски систем за уредување на домот кој вклучува одредени правила кои можат да ја подобрат енергијата во домот, да донесат богатство и просперитет во домот.

Васту експертите сметаат дека домот е живо суштество, член на нашето семејство за чија „вистинска“ - витална енергија треба да се грижиме со многу љубов, креативност, посветеност и труд.

Многумина го нарекуваат индиски фенг шуи, а еве кои работи треба да ги избегнувате за секогаш да имате доволно пари во вашиот дом.

- Не ставајте метла до мебелот или просторот каде што чувате некои вредни предмети, тоа симболизира лоши финансии.

- Лековите не треба да ги чувате во кујната, бидејќи според васту принципите се верува дека тоа може да предизвика проблеми и лоша среќа. Чувајте ги лековите во друга просторија, спална или дневна.

- Правилото на ведското уредување на домот подразбира дека не треба да чувате растенија со трње во домот, бидејќи тоа привлекува неповолни настани.

- Семејствата со мали деца често се соочуваат со проблемот на бојадисани ѕидови. Според васту, валканите ѕидови и случајните линии и чкртаници предизвикуваат финансиски долгови и ја спречуваат паричната енергија.

- Североисточниот дел од домот мора секогаш да биде уреден за да внесете богатство во домот, затоа при чистењето обрнете посебно внимание на овој сектор од домот.

- Не се поставуваат слики на ѕидовите во јужниот дел на домот, како и сѐ што е поврзано со вода, на пример аквариум или фонтана. Исто така, слики од борбени животни, лов, дивеч, оган, дрвја без цвеќиња и плодови, гаврани, змии, мршојадци, лилјаци... На сликите не треба да се прикажува крв, насилство, несреќа...

- Не натрупувајте го ходникот со јакни, чевли и работи и не ставајте обувки веднаш до вратата. Влезот во домот направете го што е можно попростран, отворен и слободен. Влезниот дел претставува некаков филтер за енергија, затоа треба да биде со што е можно помалку работи, без неред, за да може енергијата непречено да влегува и излегува.

- Многу луѓе ја оставаат вратата од бањата отворена, но според индискиот фенг шуи, тоа може да предизвика финансиски тешкотии. Во бањата секогаш има одредена количина на влага, а ако ја оставите вратата отворена, се смета за симболично дека парите ќе ви се лизгаат низ прсти.

- Исто така, во тоалетот, важно е капакот на тоалетната школка да е секогаш спуштен.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе